• сабота, 10 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шефот на иранската дипломатија утре во посета на Кина

Шефот на иранската дипломатија утре во посета на Кина

Техеран, 22 април 2025 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе ја посети Кина на 23 април на покана на кинеската страна, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

- Двете страни ќе разговараат за билатералните односи, како и за меѓународните и регионалните жаришта кои предизвикуваат општа загриженост, изјави портпаролот на кинеското Министерство Гуо Џиакун на редовната прес-конференција.

- Се очекува посетата да биде од големо значење за продлабочувањето на взаемната политичка доверба меѓу двете земји, посочи Гуо.

Веста за посетата ја соопшти кинеската страна откако вчера иранското Министерство за надворешни работи објави дека највисокиот ирански дипломат денеска ќе ја посети Кина, пред третата рунда нуклеарни преговори меѓу Техеран и Вашингтон, закажана за сабота во Оман.

За време на неговата посета на Москва минатата недела, Арагчи за државната телевизија изјави дека Техеран постојано е во тесна консултација со своите пријатели Русија и Кина за нуклеарните прашања. паг/

Фото: ЕПА



 

 



Остани поврзан