• петок, 21 февруари 2025

Шакира ја почна најголемата турнеја, со 13 различни модни комбинации на првиот концерт во Бразил

Шакира ја почна најголемата турнеја, со 13 различни модни комбинации на првиот концерт во Бразил

Рио де Жанеиро, 13 февруари 2025 (МИА) - Колумбиската ѕвезда Шакира во Бразил ја почна најголемата турнеја во својата кариера. Нејзиниот прв концерт во Рио де Жанеиро, покрај изведбата на повеќе од 30 песни, го одбележаа и 13 различни модни комбинации.

Одржан на стадионот „Нилтон Сантош“, првиот концерт траеше повеќе од два часа. Светската турнеја носи назив „Жените не плачат веќе“ („Las mujeres ya no lloran“ - според новиот албум со ист наслов). Ова е прв од 24-те настапи што пејачката ги има закажано само во Јужна Америка. Таа притоа, се преслече вкупно 13 пати - за секој различен „блок“ од концертот, пренесуваат тамошните медиуми.

Меѓу модните парчиња, имаше креации на „Версаче“ по нарачка, меѓу коишто и сребреникавиот металик-костум од почетокот, и розов мини-фустан. Потоа, имаше и креација на индиската дизајнерка Анамика Кана, како и особено впечатливиот тесен и полупроѕирен комбинезон кој ги истакна облините на пејачката.

Пред околу 47.000 обожаватели и посетители, Шакира ја изведе „Inevitable“ и другите хитови од нејзиниот последен албум „Las mujeres ya no lloran“, со којшто годинава освои „Греми“ награда за најдобар латино-поп албум.

 

Концертот почна со песната „La fuerte“ и продолжи со: „Girl like me“, „Las de la intuición“ и „Estoy aquí“. Впечатлив миг беше она кога синовите на Шакира Саша и Милан ја следеа на екранот во изведбата на „Acrostico“. На репертоарот се најдоа и постари нејзини хитови: „Hips Don't Lie", „Whenever, Wherever", „Ojos Así", „Poem to a Horse", „Don't Bother".  си/

Фото: ЕПА, Икс

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан