• недела, 11 јануари 2026

Честитки за Божик од Меља, Јакупоски, Ибраим и СМИР

Честитки за Божик од Меља, Јакупоски, Ибраим  и СМИР

Дебар, 7 јануари 2026 (МИА) - По повод Христовото раѓање Божик, честитки упатија првите луѓе на општините Дебар, Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР).

-Почитувани сограѓани од православна вероисповед, од мое лично име и во име на Општина Дебар, ви посакувам овие свети празници да ги поминете во мир, здравје, љубов и благосостојба, заедно со вашите семејства и најблиски. Нека овие денови донесат надеж, хармонија и соживот за сите наши граѓани, стои во честитката на Фисник Меља, градоначалник на Дебар.

Повереникот за надлежности на градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, во честитката  посакува празничните денови да бидат исполнети со радост и духовна хармонија.


-Нашиот регион отсекогаш бил и ќе остане светол пример за соживот и меѓусебно почитување. Токму во ваквите моменти ја потврдуваме нашата заедничка заложба за единство, помагање и разбирање, градејќи ја иднината врз темелите на традицијата што нè обединува со векови, посакува Јакупоски.

Честитки со желби за здравје, среќа и благосостојба по повод Божик упатија и Аријан Ибраим, повереник во Центар Жупа и Латиф Пајкоски, претседател на СМИР. вт/вг/


Фото: МИА

 

 

Остани поврзан