• недела, 11 јануари 2026

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените

Берлин, 20 декември 2025 (МИА) – Жените во германскиот град Франкфурт ќе можат да користат такси по субвенционирана цена од шест евра, со цел да се зајакне нивната безбедност.

Одлуката веднаш стапува во сила и е достапна за сите девојки и жени постари од 14 години. Такси превозот ќе може да се користи во периодот од 22 до шест часот, за да можат безбедно да се вратат во домот.

Жените за да го користат евтино такси треба да преземат ваучер од градската управа. Предвидени се шест ваучери годишно за секоја жена. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан