Финансиската полиција влезе во прилепската болница
- Инспектори на Финансиската полиција вршат контрола на финансиското работење во прилепската болница за последните неколку години.

Прилеп, 24 јануари 2025 (МИА) - Инспектори на Финансиската полиција вршат контрола на финансиското работење во прилепската болница за последните неколку години.
Според Кире Јоноски, директор на Болницата, контролата почнала вчера.
-Финансиската полиција го испитува работењето на Болницата во последните години. За одредени финансиски нелогичности како ново раководство укажавме. Контролата започна вчера, потврди за МИА Јоноски.
Финансиската полиција врши проверка и ова е во предистрага. ем/дма/
Фото: МИА