• четврток, 25 декември 2025

Финализирана реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“

Финализирана реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“

Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Со завршувањето на последната фаза од асфалтирањето, комплетно е финализирана реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“  во Општина Кисела Вода.

Како што информираат од општината, со новото уредување се создава уреден сообраќаен пат- широк коловоз, нови тротоари, партерно уреден простор како и ново улично осветлување.

-Ова ќе придонесе за подобар проток, зголемена сообраќајна безбедност и многу поквалитетно секојдневие за жителите. Реконструкцијата покрива потег долг околу 1200 м и широк 12 метри. Проектот е обезбеден со поддршка од Владата на Република Македонија преку Програмата за капитални инвестиции, се вели во соопштението.свс/са/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан