• петок, 21 февруари 2025

Фестивал на ракијата ќе се одржи во Кавадарци, објавен повик за доставување на мостри

Фестивал на ракијата ќе се одржи во Кавадарци, објавен повик за доставување на мостри

Кавадарци, 21 јануари 2025 (МИА) - Фестивал на ракијата ќе се одржи во Кавадарци, објавен е повик за доставување на мостри, информираа денеска од Организациониот одбор на  првиот интернационален фестивал на јаки алкохолни пијалаци и ликери, во изјава за МИА. 

Оттаму подвлекоа дека меѓу членовите на комисијата за оценување се и стручните лица енологот Елена Богева, професорите доктори Виолета Иванова Петропулос и Иван Урошевиќ,  технолозите Игно Тасев, Драган Цветковиќ и Дејан Георгиевски, како и Влатко Тасев, како долгогодишен производител на ракија. 

- Има повеќе категории на ракија во кои ќе се врши оценување на квалитетот.  Лозова ракија, обоена и бела, овошни ракии од слива, круша, дуња, цреша, праска, црница. Ракии направени од друго овошје, бобинки и зачински билки, 
специјални ракии како мастика, џин, ликери. Доколку во категориите се појават повеќе од 10 примероци од иста ракија и ликер, ќе се формира нова категорија на ракија, појаснија организаторите на настанот. 

Притоа нагласија дека Тиквешијата како традиционално најголем лозаровинарски регион во државата, заслужува еден ваков фестивал за промоција на производите од грозје и презентација на мајсторството во областа на производството на ракија. 

Мострите може да се доставуваат до крајот на февруари, а фестивалот ќе се одржи во месец март. свд/дма/


Фото : Плакат за Фестивал на ракијата

Остани поврзан