Утре локални врнежи од дожд, повремено и поројни
- Утре ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи.

Скопје, 29 јануари 2025 (МИА) - Утре ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи.
Во петок и сабота времето ќе биде стабилно, а во недела попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег.
Според УХМР, во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата. сст/са/
фото МИА архива