• петок, 15 мај 2026

Украина тврди дека погодила санкциониран танкер

Украина тврди дека погодила санкциониран танкер

Киев, 29 април 2026 (МИА) - Украинските поморски сили погодија санкциониран танкер на околу 210 км југоисточно од руското пристаниште Туапсе на Црното Море со воени беспилотни летала, соопшти Генералштабот на социјалните медиуми.

Бродот „Маркиз“ кој пловел под камерунско знаме не бил натоварен во времето на нападот, се додава во соопштението.

Бродот е санкциониран од Украина, Велика Британија, Европската Унија, Швајцарија, Нов Зеланд и Канада. Русија го користела „нелегално за транспорт на нафтени производи“, додаде Генералштабот. мс/сд/

фото: Архива

Остани поврзан