Нормализирана ситуацијата по тревогата прогласена поради сомнителна активност на дронови над Хелсинки
- Финска соопшти дека сомнителната активност на дронови над подрачјето на главниот град повеќе не претставува закана и дека состојбата се враќа во нормала откога претходно беа подигнати борбени авиони и активирани итните служби.
Хелсинки, 15 мај 2026 (МИА) - Финска соопшти дека сомнителната активност на дронови над подрачјето на главниот град повеќе не претставува закана и дека состојбата се враќа во нормала.
Националниот јавен сервис претходно јави дека финските одбранбени сили подигнале борбени авиони и активирале други итни служби како одговор на ситуацијата.
„Опасноста помина. Луѓето може безбедно да одат на работа и на училиште“, напиша министерката за внатрешни работи, Мари Рантанен, на социјалната мрежа „Икс“.
По тричасовен прекин, повторно е нормализиран сообраќајот на аеродромот во Хелсинки.
„Властите преземаат мерки. Одбранбените сили ги засилија своите капацитети за надзор и одговор. Ги повикувам сите да ги следат известувањата од надлежните институции“, порача премиерот Петери Орпо во објава на „Икс“. аб/сд
фото/МИА архива