УКЛО-Битола објави дополнителен конкурс за запишување магистерски и докторски студии
- Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО)-Битола објави дополнителни конкурси за запишување на втор циклус - магистерски студии и на трет циклус - докторски студии.
Битола, 2 јануари 2026 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО)-Битола објави дополнителни конкурси за запишување на втор циклус - магистерски студии и на трет циклус - докторски студии.
На универзитетските единици при УКЛО-Битола може да се запишат 548 кандидати за магистерски и 117 кандидати за докторски студии.
Според објавениот конкурс за магистерски студии, најмногу слободни места се понудени за упис на Правен факултет-Кичево, вкупно 78, и на Технички и Педагошки факултет во Битола по 73 слободни места.
Во дополнителниот конкурс може да се врши упис и на научниот Институт за тутун во Прилеп каде што може да се студира на насоките Производство на тутун, Обработка и преработка на тутун и Агроменаџмент во тутунското стопанство, како и на Институтот за старословенска култура во Прилеп каде што може да се запишат 10 магистранди за отсекот Класична археологија.
Во дополнителниот конкурс за запишување студенти на трет циклус, докторски студии, УКЛО огласи 117 места на осум универзитетски единици и Научен институт за тутун во Прилеп.
Од УКЛО-Битола информираат дека јавниот конкурс е отворен до 8 јануари, а право на упис имаат домашни и студенти од странство. мт/хс/
Фото: МИА архива