• недела, 11 јануари 2026

Треј Јанг го смета Вашингтон за своја преферирана опција за продолжување на кариерата

Треј Јанг го смета Вашингтон за своја преферирана опција за продолжување на кариерата

Вашингтон, 8 јануари 2026 (МИА) - Треј Јанг сака да ја продолжи кариерата во Вашингтон визардс.

Се чини дека времето на Треј Јанг во Атланта завршува. Според инсајдерот Шамс Чаранија, играчот веќе го направил својот избор: доколку биде продаден, тој го гледа Вашингтон како најатрактивна опција за продолжување на кариерата.

Атланта работи на размена на Јанг.

Поради повреди, 27-годишниот плејмејкер одигра само 10 натпревари оваа сезона. Тој има просек од 19,3 поени и 8,9 асистенции по натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан