• среда, 25 март 2026

Македонските ракометари попладнево летаат за Силкеборг

Македонските ракометари попладнево летаат за Силкеборг

Цирих, 11 јануари 2026 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација, по завршувањето на настапите на „Жолтиот куп“ во Винтертур, попладнево се селат во Данска.

Според планот на патување, македонската експедиција денес преку Цирих и Франкфурт ќе отпатува за Силкеборг каде се очекува да пристигне околу 16 часот.

Во земјата кодомаќин на Европското првенство 2026 избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе ги доработат подготовките пред своите настапи на шампионатот.

Во Силкеборг македонските ракометари ќе се подготвуваат до 13 јануари. За вечер од 19 часот предвиден е и тренинг.

На ЕП „црвено-жолтите“ ќе играат во Хернинг во група со кодомаќинот Данска, Португалија и Романија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан