Трамп тврди дека САД ќе ја преземат контролата врз Газа по војната, без потреба од американски војници
- Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека Израел ќе ѝ ја предаде Газа на САД по завршувањето на воените дејствија, нагласувајќи дека таму нема да има потреба од американски војници.

Вашингтон, 6 февруари 2025 (МИА) - Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека Израел ќе ѝ ја предаде Газа на САД по завршувањето на воените дејствија, нагласувајќи дека таму нема да има потреба од американски војници.
„По завршувањето на војната, Израел ќе ја предаде Газа на САД. Палестинците… веќе ќе бидат преселени на многу побезбедни и поубави места во регионот, со нови и модерни домови“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа „Truth Social“, дополнувајќи ја својата претходна контроверзна изјава за иднината на Газа.
„Нема да има потреба од американски војници!“, додаде Трамп.
Оваа изјава предизвика реакции кај политичките аналитичари и светските лидери, бидејќи не е јасно на кој начин САД би ја презеле контролата врз Газа и како би се реализирало преселувањето на палестинското население. ссм/
свет: принтскрин