Трамп сака за 50 отсто да го зголеми буџетот за одбрана во 2027 година
- „По долги и тешки преговори со сенатори, претставници, членови на кабинетот и други политички претставници, утврдив дека за доброто на нашата земја, особено во ова многу турбулентно и опасно време, нашиот воен буџет за 2027 година треба да биде 1,5 трилиони долари, а не еден трилион долари“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social.
Вашингтон, 8 јануари 2026 (МИА) – Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека буџетот за одбрана на САД „треба да биде 1,5 трилиони долари во 2027 година, а не еден трилион долари“, што е зголемување од 50 проценти
„По долги и тешки преговори со сенатори, претставници, членови на кабинетот и други политички претставници, утврдив дека за доброто на нашата земја, особено во ова многу турбулентно и опасно време, нашиот воен буџет за 2027 година треба да биде 1,5 трилиони долари, а не еден трилион долари“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social.
За 2025 година, американскиот парламент предвиде воени алокации од 900 милијарди долари, што е највисок буџет во светот.сд/
фото: МИА архива