Трамп: САД извршија воздушни напади врз цели на ИД во Сомалија
- „Утринава наредив прецизни воени воздушни напади врз високиот планер за напади на ИСИС и други терористи што тој ги регрутирал и ги водеше во Сомалија“, објави Трамп на Truth Social.

Вашингтон, 1 февруари 2025 (МИА) - Војската на САД денеска изврши воздушни напади врз цели на групата ИД во Сомалија, објави претседателот Доналд Трамп.
„Утринава наредив прецизни воени воздушни напади врз високиот планер за напади на ИСИС и други терористи што тој ги регрутирал и ги водеше во Сомалија“, објави Трамп на Truth Social.
Во пораката нагласува дека во нападот биле убиени „многу терористи“. зш/