Традиционален инклузивен турнир во шах во Кавадарци
- Традиционален инклузивен турнир во шах, по 15 пат се одржува вечерва во Кавадарци. Учествуваат претставници на Клубот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци, градската библиотека ,,Феткин", ,,Еко - живот", Лајонс клубот ,,Тиквеш". Настанот е во чест на одбележувањето на трети декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Кавадарци, 1 декември 2025 (МИА) - Традиционален инклузивен турнир во шах, по 15 пат се одржува вечерва во Кавадарци. Учествуваат претставници на Клубот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци, градската библиотека ,,Феткин", ,,Еко - живот", Лајонс клубот ,,Тиквеш". Настанот е во чест на одбележувањето на трети декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост.
- Со овој турнир упатуваме порака за зголемување на свеста за потребата од зголемување на инклузивноста, рече Николчо Делов, претседател на КСРИ.
Директорот на библиотеката, Петар Гурев истакна дека даваат поддршка на сите здруженија. Заедно со Делов, потпишаа меморандум за соработка помеѓу КСРИ и ,,Феткин".

Турнирот го прогласи за отворен, Трајанка Митрева, советничка во Советот на Општина Кавадарци.
- Овој настан не е само натпревар туку симбол на инклузија , еднаквост и човечност. Во овој контекст, градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци имаат подадена рака за сите идеи, планови за подобрување на инклузијата на лицата со инвалидитет. Сакам да истакнам дека нашата Општина и понатаму ќе остане посветена на создавањето услови за поголема достапност, поддршка и подобри услуги за лицата со попреченост. Обединети преку оваа благородна игра, градиме пријателства, заемна почит и заедништво, истакна таа.
Притоа посака многу успех, фер игра и убаво дружење, да победи најдобриот. Но, како што подвлече, најважно е сите заедно да победиме во духот на солидарноста и инклузијата.
За најдобрите шахисти, следуваат награди. свд/
Фото: МИА