• петок, 21 февруари 2025

Техеран: Нема да се двоумиме да ја одбраниме својата нуклеарна програма

Техеран: Нема да се двоумиме да ја одбраниме својата нуклеарна програма

Техеран, 17 февруари 2025 (МИА) – Иран ја одбрани својата нуклеарна програма и нема да се двоуми да продолжи да го прави тоа, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи.

Неговата изјава уследи еден ден откако Израел и САД ветија дека ќе се спротивстават на иранските нуклеарни амбиции.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, по вчерашниот состанок до американскиот државен секретар Марк Рубио во Ерусалим, изјави дека Израел и САД се одлучни да ги осуетат нуклеарните амбиции на Иран и неговото влијание во Блиски Исток.

- Зад секоја терористичка група, зад секој чин на насилство, зад секоја дестабилизирачка активност, зад сè што ги загрозува мирот и стабилноста на милиони луѓе, кои овој регион го нарекуваат дом, стои Иран, посочи Рубио. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан