Тетово домаќин на меѓународен натпревар за квалитет на мед
- Меѓународна органолептичка комисија ќе ги анализира пристигнатите мостри на мед од натпреварувачите – вкупно 200 пчелари од 15 држави.
Тетово, 6 декември 2025 (МИА) - На Факултет за технолошки и технички науки при Универзитет во Тетово денеска ќе се одржи 5. Меѓународен натпревар за квалитет на медот. Организаторите најавуваат дека Меѓународна органолептичка комисија ќе ги анализира пристигнатите мостри на мед од натпреварувачите – вкупно 200 пчелари од 15 држави.
- Овој настан е резултат на соработката на водечките здруженија на пчелари од регионот, со заедничка мисија – промовирање на квалитетот, автентичноста и иновацијата во пчелните производи, како и јакнење на професионалната соработка меѓу пчеларите на Балканот, информираат од организацијата на настанот.
Организатори се Здружение на пчелари „Градот на Пчелите“ – Тетово, Здружение на пчелари на Префектура Тирана, Здружение на Медот – Приштина, Здружение на пчелари Улцињ и Здружение на пчелари Апикула – Бујановац.ас/ар/
Фото: МИА архива