• петок, 21 февруари 2025

Стејт департмент: Разговорите во Саудиска Арабија треба да утврдат што може да се направи за да се запре војната

Стејт департмент: Разговорите во Саудиска Арабија треба да утврдат што може да се направи за да се запре војната

Ријад, 17 февруари 2025 (МИА) - Претстојните разговори меѓу руски и американски претставници во Саудиска Арабија треба да утврдат што може да се направи за да се стави крај на војната во Украина, изјави денеска портпаролката на американскиот Стејт департмент, Тами Брус.

Таа денеска пред новинарите во Ријад изјави дека состанокот, на кој ќе учествуват американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц и пратеникот за Блискиот Исток, Стив Виткоф, е чекор за да се утврди дали Русите се сериозни во врска со мировните преговори.

„Ова е продолжение на првичниот разговор меѓу (рускиот претседател Владимир) Путин и (американскиот претседател Доналд) Трамп за тоа дали овој чекор е воопшто можен, кои се интересите и дали со тоа може да се управува“, рече Брус. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан