Стабилно време со студени утра и во наредните денови
- Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Скопје, 4 февруари 2025 (МИА) - Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
За утре најавено е да дува умерен, а вдолж Повардарието, засилен северен ветер. На места, температурата ќе биде и минус седум степени Целзиусови. Се очекува максималната температура да достигне 12 степени Целзиусови во Гевгелија.
За во Скопје најавена е минимална температура од минус три степени Целзиусови. Максималната се очекува да достигне до 10 степени Целзиусови.
- Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови, најавуваат синоптичарите. бд/са/
Фото: МИА архива, УХМР