Средба на дебарскиот градоначалник Меља со претставници на ЕВН
- Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Меља, во неговиот кабинет, оствари работна средба со Славјанка Георгиевска, раководител на КЕЦ Струга, и Орхан Елезоски, раководител на секторот за нови приклучоци во електричната мрежа, информираа од општината.
Дебар, 19 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Меља, во неговиот кабинет, оствари работна средба со Славјанка Георгиевска, раководител на КЕЦ Струга, и Орхан Елезоски, раководител на секторот за нови приклучоци во електричната мрежа, информираа од општината.
На средбата станало збор за соработката меѓу Општина Дебар и ЕВН, во насока на унапредување на енергетската инфраструктура, развој на нови проекти и подобрување на процесот за постапување по барањата и приговорите на граѓаните.
-Градоначалникот Меља истакна дека соработката со институциите надлежни за јавни услуги е од исклучително значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и реализација на одржливи инвестиции, стои во објавата.
Од своја страна претставниците на ЕВН ја изразија својата подготвеност за понатамошна соработка и навремено адресирање на барањата што произлегуваат од заедницата.
Меља посочил дека Општина Дебар останува посветена на јакнењето на институционалните партнерства и спроведувањето на проекти што носат видливи придобивки за граѓаните. вт/лв/
Фото: Општина Дебар