• понеделник, 02 март 2026

Уште десет дена за аплицирање за студентски ваучери за ИТ уреди

Уште десет дена за аплицирање за студентски ваучери за ИТ уреди

Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Министерството за дигитална трансформација инфрмира дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери.

Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426.

-Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година, стои во соопштението на Министерството.

Оттаму потсетуваат дека рокот за аплицирање од страна на студентите е до 20.12.2025 година, а искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година. нд/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан