Средба на градоначалникот Герасимовски со осум стипендистки од основните училишта во Центар
- Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска се сретнал со осум стипендистки од осум основни училишта во Центар, по повод одбележување на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката - 11 Февруари.

Скопје, 11 февруари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска се сретнал со осум стипендистки од осум основни училишта во Центар, по повод одбележување на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката - 11 Февруари.
Како што соопшти Општина Центар, Герасимовски и стипендиските на средбата разговарале за постигнувањата во природните науки, за образованието, како и за препораките за некористење мобилни телефони за време на наставата.
Герасимовски изразил задоволство што ги запознал и поразговарал со добитничките на највисоката наградата за наука што ја доделува Општината - „Феникс“.
-Вие сте нашите стипендистки, нашата иднина и гордост во државата и ние како локална самоуправа ќе инвестираме во вашето знаење и во што поквалитетни генерации. Огромна благодарност до наставниот кадар за сето она што го работат, за целиот труд и посветеност кон вас учениците, што придонесуваат од овие училишни клупи да излезат што поквалитетни и подобри генерации. Бидете упорни, вложувајте во себе, правете го тоа што го сакате, јас сум сигурен дека ќе успеете во соновите што ги сонувате, рекол Герасимовски.
Наставниот кадар и учениците, посочува Општина Центар, ја поздравиле мерката за одземање на мобилните телефони за време на наставата.
-Тие потенцираат дека учениците се пофокусирани и активни на часовите. Општина Центар е првата општина во државата што препорача да не се употребуваат мобилни телефони за време на наставниот процес, наведува Општината во соопштение. хс/цр
Фото: Општина Центар