Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
- Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни, но на делници кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони, соопштуваат од ЈП Македонијапат.
Скопје, 9 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни, но на делници кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони, соопштуваат од ЈП Македонијапат.
Слаби врнежи од снег се забележани на Попова Шапка, додека во Македонски Брод, Крушево и Ресен има врнежи од снег проследени со дожд.
Од Јавното претпријатие апелираат до возачите на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот.
Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.ар/вј/
Фото: МИА архива