• петок, 05 декември 2025

Собранието ги верифицираше мандатите на тројцата нови пратеници - Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов

Собранието ги верифицираше мандатите на тројцата нови пратеници - Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов

Скопје, 18 ноември 2025 (МИА) - Собранието попладнево во рамки на 70-та седница ги верифицира мандатите на тројцата нови пратеници Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Стојановски доаѓа на местото на Игор Никовски, кој претходно ја известил ДИК дека не го прифаќа мандатот.

Тие доаѓаат на местото на Бети Стаменкоска-Трајкоска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на Кисела Вода, Сопиште и Прилеп. фф/са/

Фото: МИААрхива

 

Остани поврзан