• среда, 10 декември 2025

Се реконструира и се поставува нов асфалт на дел од главната улица во Василево

Се реконструира и се поставува нов асфалт на дел од главната улица во Василево

Василево, 10 декември 2025 (МИА) - Во Василево започна реконструкцијата на дел од главната улица на делот од Домот на културата и паркот „Методиј Митев“ до објектот во кој е сместена амбулантата и канцелариите на ЈПКД „Турија“, информираа од локалната самоуправа.

Како што се наведува во информацијата, реконструкцијата е по поставувањето на системот за фекална канализација и истата ќе финализира со поставување на нов асфалт со што улицата ќе биде целосно оспособена за нормално функционирање и користење од страна на сите учесници во сообраќајот.

-Асфалтирањето на главната улица значи голем чекор напред. Со овој проект граѓаните на Василево добиваат современо уредена и безбедна улица, достојна за едно модерно место. Работиме чекор по чекор, проекти кои носат видливи промени! Чекор по чекор ги исполнуваме, обврските кон нашите граѓани, стои во пренесената изјава на градоначалникот на Василево, Славе Андонов.

Инаку, во наредните неколку денови, додека трае реконструкцијата, овој дел од улицата е затворен за сообраќај, за што Општина Василево преку соопштение ги информираше граѓаните кои во овој период ќе треба да ги користат околните улици. рт/дма/

Фото: Општина Василево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан