Се проширува локалниот пат кон село Камен Дол
- Во заедничка координирана акција на месната заедница, приватна општествено одговорна компанија и механизацијата на ЈПКД Росоман, се врши проширување на локалниот пат кон село Камен Дол, информираше денеска росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски.
Росоман, 5 јануари 2026 (МИА) - Во заедничка координирана акција на месната заедница, приватна општествено одговорна компанија и механизацијата на ЈПКД Росоман, се врши проширување на локалниот пат кон село Камен Дол, информираше денеска росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски.
Тој нагласи дека целта на заедничката акција е подобрување на локалната патна инфраструктура.
- Оваа активност е пример за успешна соработка меѓу граѓаните, приватниот сектор и јавното комунално претпријатие, со цел подобрување на пристапот и безбедноста на локалната патна мрежа, истакна Крстевски.
Градоначалникот додаде дека се продолжува со конкретни теренски активности за подобри услови и развој на Општина Росоман. свд/фф/
Фото: Фејсбук-страница на Ѓорѓи Крстевски