• петок, 21 февруари 2025

СДСМ: Нема пари за плати, нема лекови, а власта ќе купува авион за функционерите

СДСМ: Нема пари за плати, нема лекови, а власта ќе купува авион за функционерите

Скопје, 23 јануари 2025 


Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните.


Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за работниците и нема лекови- има само за луксузните патувања на владините функционери.


Баш му е гајле на Мицкоски за животниот стандард на народот, за тоа што нема лекови на Онкологија. 


Ветувањата за скромност пред изборите ДПМНЕ ги замени со аздисаност и луксуз за функционерите.  Мицкоски си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните.


Ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања.


СДСМ е против и заедно со граѓаните ќе се спротивстави на овие расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ.
 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан