СДСМ: Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ?
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 6 февруари 2025
Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски.
Таткото на министерот за дигитална трансформација, Љупчо Андоновски е советник во Владата.
Братот на министерот пак, Игор Адноновски е началник во АНБ. Значи цела фамилија, едниот брат министер, другиот брат началник во АНБ а таткото Советник во Влада.
Ова ли е „департизацијата“ што ја ветуваше ДПМНЕ? Дали ова е „мерит системот“ кој го најавуваа?
Не, ова е јасен доказ за непотизам, судир на интереси и злоупотреба на државните институции за партиски и лични цели.
Додека илјадници млади и способни граѓани ја напуштаат државата во потрага по работа, државните функции се резервирани само за роднините на актуелните и поранешните функционери на ДПМНЕ.
Ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ?
Македонија мора да биде праведна и правна држава – а не држава на непотизам и корупција!
СДСМ Центар за комуникации со јавноста
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива