• среда, 25 март 2026

САД ја информираа Русија за планираното пробно лансирање на ракетата „Минутмен III“

САД ја информираа Русија за планираното пробно лансирање на ракетата „Минутмен III“

Mосква, 5 март 2026 (МИА)  - Договорот меѓу Русија и САД за меѓусебно известување за лансирање на балистички ракети и ракети лансирани од подморници функционира, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Рјабков изјави дека договорот за меѓусебно известување за лансирање на ракети од 1988 година функционира.

„Се надеваме дека тој ќе продолжи да игра стабилизирачка улога, додавајќи предвидливост во оваа област“, ​​рече Рјабков.

САД вчера го извршија планираното пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Минутмен III“. Ова лансирањето не беше поврзано со актуелните светски настани, соопшти Глобалната команда за удар на воздухопловните сили на САД.

Ракетата беше лансирана од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија, а немаше оружје и носеше две тест возила за враќање во атмосферата.сд/ми/

Фото: Википедија

Остани поврзан