САД соопштија дека елиминиреле оперативец на Ал Каеда во Сирија
- Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека во воздушен напад врз северозападна Сирија синоќа бил елиминиран Мухамед Салах ал-Забир, лидер во на сирискиот огранок на Ал Каеда.

Вашингтон, 31 јануари 2025 (МИА) - Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека во воздушен напад врз северозападна Сирија синоќа бил елиминиран Мухамед Салах ал-Забир, лидер во на сирискиот огранок на Ал Каеда.
Регионот врз кој беше извршен нападот претходно беше упориште на милитантите на „Хајат Тахрир ал-Шам“ под водство на Ахмед ал-Шара (кој моментално ја извршува функцијата привремен претседател на Сирија).
-Силите на Централната команда на САД извршија точен воздушен напад врз северозападна Сирија, идентификувајќи и елиминирајќи го Мухамед Салах ал-Забир, високопоставен оперативец на терористичката организација Хурас ад-Дин, поврзана со Ал Каеда, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ.
-Воздушниот напад е дел од продолжителните обврски на ЦЕНТКОМ и партнерите во регионот, за спречување и ослабување на напорите на терористите во планирање, организирање и спроведување напади врз цивили, американски војници, нашите сојузници и нашите партнери, истакнаа од ЦЕНТКОМ.
Сирискиот центар за набљудување на човековите права лоциран во Велика Британија, соопшти дека Ал-Забир бил убиен кога возилото во кое патувал по патот од Сармада кон Идлиб било погодено по напад на американски дрон. кб/ссм/