• недела, 11 јануари 2026

Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн

Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн

Бризбејн, 8 јануари 2026 (МИА) - Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи Романката Сорана Кирстеа со 6:3 и 6:3 во натпреварот од третото коло на турнирот во Бризбејн.

Мечот траеше 1 час и 20 минути. 

Дваесет и седумгодишната Белорусинка сервираше два аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 13 брејк топки. Нејзината противничка сервираше два аса, направи една двојна грешка и реализираше една од двете брејк топки.

Следна противничка на Сабаленка ќе биде победничката од дуелот  Дајана Шнајдер (Русија) – Медисон Кис (САД).

Наградниот фонд на ВТА Бризбејн Интернешнл изнесува 1,2 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан