• сабота, 22 февруари 2025

Рубио наскоро во посета на Блискиот исток

Рубио наскоро во посета на Блискиот исток

Вашингтон, 7 февруари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио во средината на февруари ќе ги посети Израел и неколку арапски земји.

Според висок претставник на Стејт департментот, Рубио ќе присуствува на конференцијата за безбедност во Минхен, а потоа ќе ги посети Израел, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија во периодот од 13 до 18 февруари.

Тоа ќе биде негова прва посета на Блискиот Исток по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Газа, што наиде на остра осуда од меѓународните организации за човекови права и од арапските земји. ссм/

фото: архива

Остани поврзан