• петок, 05 декември 2025

Роџерс го продолжи договорот со Астон Вила

Роџерс го продолжи договорот со Астон Вила


Бирмингем, 10 ноември 2025 (МИА) – Англискиот 23-годишен фудбалер од средниот ред Морган Роџерс (23) го продолжи договорот со премиерлигашот Астон Вила до јуни 2031 година, јавија денеска британските медиуми.
Роџерс се приклучи на клубот од Бирмингем од Мидлзбро во јануари лани во трансфер вреден 9,5 милиони евра и досега за Астон Вила одигра 86 натпревари на кои постигна 18 голови и додаде 20 асистенции.
Минатата сезона, Морган беше прогласен за млад играч на годината во Премиер лигата. Неговите добри настапи го привлекоа вниманието на Тотенхем и Челзи, но со потпишувањето нов договор со Астон Вила, е ставен крај на медиумските шпекулации за можен трансфер во друг клуб од Премиер лигата.
Морган пред една година дебитираше и за репрезентацијата на Англија и досега има десет настапи, постигнувајќи еден гол. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан