Родриго цел на расистички напади во Бразил
- Бразилскиот фудбалски репрезентативец Родриго обелодени дека е жртва на расистички напади на социјалните мрежи, неколку денови откако Бразил претрпе пораз во „суперкласико“ од светскиот првак Аргентина на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро.
Рио де Женеиро, 24 ноември 2023 (МИА) – Бразилскиот фудбалски репрезентативец Родриго обелодени дека е жртва на расистички напади на социјалните мрежи, неколку денови откако Бразил претрпе пораз во „суперкласико“ од светскиот првак Аргентина на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро.
„Расистите секогаш се на должност. Моите социјални мрежи се окупирани од расистички навреди и глупости од секаков вид“, објави напаѓачот на мадридски Реал на своите профили на Инстаграм и Икс.
Весникот „Глобо Еспорте“ објави дека профилот на 22-годишниот фудбалер е „украсен“ со банани и емотикони со мајмунчиња, а Родриго планира да поднесе судска тужба.
„Доколку не го правиме тоа што тие го сакаат, доколку не се однесуваме така како што тие мислат дека треба, доколку носиме нешто што нив им пречи и доколку не ја веднеме главата кога нè напаѓаат, расистите со своето криминално однесување стапуваат во акција. Но, нема да застанеме“, нагласи Родриго.
Бразилскиот репрезентативец доби поддршка преку социјалните мрежи од своите репрезентативни колеги Нејмар и Винисиус, кои поради повреди не беа во составот во поразот на Бразил од Аргентина (0-1) во јужноамериканските квалификациите за Мундијалот 2026. ег/
ФОТО: Икс