• четврток, 21 ноември 2024

Одбојкарките на Работнички го завршија настапот во ЦЕВ Купот

Одбојкарките на Работнички го завршија настапот во ЦЕВ Купот

 

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) – Одбојкарките на македонскиот женски првак Работнички го завршија настапот во ЦЕВ Купот, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје загубија со максимални 3-0 во сетови (14-25, 11-25, 11-15) во реванш натпреварот од шеснаесетфиналето против романскиот тим Алба Блај.

Работнички влезе во реваншот на домашен терен со минимлани шанси за пласман во следната фаза по убедливиот пораз од 3-0 на гостувањето пред една недела во Романија.

Антонија Баталаковска со шест поени беше прв поентер, додека Ирма Ѓурѓевиќ и Андротеа Милевска реализираа по четири поени.

Одбојкарките на Работнички претходно сезонава дебитираа во најсилното клупско натпреварување Лигата на шампиони, во кое беа елиминирани од уште еден романски тим, Волунтари, во третото квалификациско коло. ег

ФОТО: ОФМ

Остани поврзан