• недела, 22 декември 2024

Андрес Иниеста става крај на кариерата со „Ел Класико“

Андрес Иниеста става крај на кариерата со „Ел Класико“

Токио, 13 ноември 2024 (МИА) - Андрес Иниеста ќе го одигра својот последен настпревар во кариерата на 15 декември во Токио, а овој момент за паметење ќе биде со „Ел Класико“. На него ќе учествуваат легендите на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

Натпреварот го доби името „Последниот танц на Иниеста“.

Учеството на спектакуларниот настан го потврдија Роберто Карлос, Чави Ернандез, Луис Фиго, Ривалдо, Икер Касиљас, Хавиер Маскерано, Иван Кампо, Стив Мекманаман, а организаторите подготвуваат уште еден куп изненадувања. дс

Фото: Архива

Остани поврзан