Реконструиран Ученичкиот дом во Кавадарци
- Завршен е реконструктивниот зафат на ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ - општина Кавадарци, што располага со вкупна површина и зелен простор од 4.519,22 квадратни метри, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Кавадарци, 11 ноември 2025 (МИА) - Завршен е реконструктивниот зафат на ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ - општина Кавадарци, што располага со вкупна површина и зелен простор од 4.519,22 квадратни метри, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Општина Кавадарци заедно со тимот од ученичкиот дом успешно го заврши целиот процес на реконструкција и модернизација на ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ кој опфаќаше комплетно реновирање на собите, тоалетите, ходници и влезни парти. Опфатен надворешен дел, менза, магацин 1, магацин 2, ходници, простории за рекреација, библиотека и занимални на втор кат, тоалети и целосно нова електрика и целосна реконструкција на кујната. Вкупниот капацитет за сместување на ученици е 100 легла и најчесто тоа се ученици од Берово, Пехчево, Гевгелија, Дојран, Богданци. Со оваа реконструкција, општината има вложено околу 10.000.000 денари, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму подвлекоа дека со оваа значајна инвестиција, домот доби современ изглед, подобрена функционалност и подобри услови за престој, учење, дружење и секојдневен живот на учениците. свд/бд/
Фото: МИА архива