Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на соопштението на СДСМ
- Извештајот на Транспаренси е доказ дека главна активности на СДС им беше криминалот и корупцијата. Извештајот покажува колку СДС ја уништи државата и ја зацементира корупцијата. Извештајот за транспарентност опфаќа само 3 месеци од владата на ВМРО-ДПМНЕ. И се однесува претежно на периодот од минатата влада.

Скопје, 11 февруари 2025
Извештајот на Транспаренси е доказ дека главна активности на СДС им беше криминалот и корупцијата
Извештајот на Транспаренси е доказ дека главна активности на СДС им беше криминалот и корупцијата. Извештајот покажува колку СДС ја уништи државата и ја зацементира корупцијата.
Извештајот за транспарентност опфаќа само 3 месеци од владата на ВМРО-ДПМНЕ. И се однесува претежно на периодот од минатата влада.
Извештајот на Транспаренси опфаќа се од пиротехниката на Дрин Ахмети, преку тендерите во РЕК Битола, до аздисаноста во ЈП Државни патишта.
Штетата која СДС ја направи се чувствува уште.
ВМРО-ДПМНЕ очекува подобрување во периодот што следи. Но мора да потенцираме дека обвинителството и судството се главната пречка зошто нема нови случаи посебно против поранешни функционери.
Обвинителството и судството жолчно се борат да ја спречат правдата. Делови од овие структури со последни сили си ги бранат тие што ги поставувале и унапредувале.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.