• петок, 21 февруари 2025

Фондација САСА објавува повик за учество во Акцелераторска програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“

Фондација САСА објавува повик за учество во Акцелераторска програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“

Македонска Каменица, 21 февруари 2025 (МИА) - Фондација САСА започнува со реализација на нова иницијатива за создавање и поддршка на развојот на мали одржливи бизниси во Македонска Каменица и нејзината околина. Во рамки на оваа иницијатива, Фондација САСА објавува отворен повик за учество во Акцелераторската програма: „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“. 

-Фондацијата САСА ги повикува сите заинтересирани да аплицираат за учество во нејзината акцелератоска програма, која е дизајнирана да им помогне на амбициозните претприемачи од Македонска Каменица. Програмата нуди бесплатна обука и менторство, со цел да се развијат знаењата и вештините на учесниците, овозможувајќи им да основаат одржливи бизниси и да придонесат кон економскиот развој на регионот, се вели во соопштението од рудникот.

Учесниците ќе имаат можност да добијат сеопфатна обука за деловно и финансиско планирање, вклучувајќи насоки за обезбедување финансиски средства и примена на ефективни маркетинг стратегии.

-По завршувањето на обуката, учесниците ќе имаат индивидуални менторски сесии со експерти од индустријата, кои ќе им помогнат да ги надминат специфичните предизвици во развојот на нивниот бизнис. Програмата завршува со натпревар за најдобар бизнис план каде учесниците ќе можат да се натпреваруваат за финансиска поддршка во износ од 5.000 до 20.000 евра, додадоа од САСА.

Овие грантови според нив ќе им овозможат на поединците, компаниите и невладини организации да започнат нови проекти, да ги прошират своите ресурси, да ангажираат нови вработени и побрзо да го развијат својот бизнис отколку што би можеле да го направат тоа само со сопствени средства. 

Повеќе информации за оваа програма, вклучително и формуларот за аплицирање, може да се најдат на веб-страницата на Рудник САСА, преку следниот линк: https://sasa.com.mk/mk/acceleration-program/. вс/дма/


Фото: МИА
 

Остани поврзан