• петок, 02 јануари 2026

Расчистено убиство во Гостиварско, поднесена кривична пријава

Расчистено убиство во Гостиварско, поднесена кривична пријава

Скопје, 12 декември 2025 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од село Неготино, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, информира МВР.  

-На 9 декември Ј.М.(34) од гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А.(53) од село Равен, гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 7 декември таа влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон.  Исто така, тој пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 6 и 7 декември С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. На 11 декември во 02:15 часот, С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него, се вели во соопштението од МВР.

По преземени мерки во врска со случајот, по извршени проверки на видео записи, се вели во соопштението, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 7 декември годинава.

-Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, се прецизира во соопштението од МВР.вј/вг/

Фото: МВР

Остани поврзан