Пијан возач од Гевгелија удрил во заштитна ограда на обиколницата Богданци
- К.Ш. (29) од Гевгелија ќе добие пријава од полицијата за безобѕирно управување со моторно возило откако под дејство на алкохол удрил во заштитна ограда на коловозот на обиколницата Богданци, соопштија денеска од СВР Струмица.
Струмица, 2 јануари 2026 (МИА) - К.Ш. (29) од Гевгелија ќе добие пријава од полицијата за безобѕирно управување со моторно возило откако под дејство на алкохол удрил во заштитна ограда на коловозот на обиколницата Богданци, соопштија денеска од СВР Струмица.
Според соопштението, рано утрово во 03:46 часот на обиколница Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода К.Ш.(29) од Гевгелија.
-Претходно, во 03:15 часот, тој со товарно возило „фолксваген крафтер“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал изгубил контрола и удрил во заштитна ограда. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,5 промили алкохол во крвта, се наведува во полициското соопштение.
Се додава дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“. рт/дма/
Фото: МИА архива