• петок, 10 мај 2024

Раст на берзите во САД по изјавата на Фед за зачувување на каматните стапки

Раст на берзите во САД по изјавата на Фед за зачувување на каматните стапки

Вашингтон, 2 мај 2024 (МИА) - Американските берзански индекси покажаа уверен раст на почетокот на тргувањето денеска откако Федералните резерви (американската Централна банка) ги зачува досегашните каматни стапки и притоа ја намали загриженоста од нивно покачување.

Инвеститорите очекуваат уште податоци од извештаите на крупните компании денеска и од официјалната статистика за невработеноста утре. Во меѓувреме пораснаа и фјучерсите.

- Инфлацијата сè уште е многу висока. Не можеме да гарантираме прогрес во нејзино снижување, а понатамошните перспективи се неодредени, изјави претседателот на Фед Џером Пауел.

И покрај неодреденоста во тековната економска ситуација истакна дека е малку веројатно покачувањето на каматите.

Следен извештај на регулаторите што го очекуваат инвеститорите е клучната статистика на трудот во САД што ќе биде објавена утре, а која може да даде појасна претстава за состојбата со пазарот на трудот и понатамошната траекторија на каматните стапки.

Фјучерсите на Dow до 15 часот централноевропско време пораснаа за 0,53 отсто, на S&P на 0,72 отсто, на Nasdaq 100 дојдоа до 0,9 отсто. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан