• сабота, 22 февруари 2025

Психолошки трилер со Никол Кидман, како новитет на „Нетфликс“

Психолошки трилер со Никол Кидман, како новитет на „Нетфликс“

Лос Анџелес, 13 февруари 2025 (МИА) - Психолошкиот трилер „Пред да заспијам“ (Before I Go to Sleep), со Никол Кидман во главната улога, како новитет на „Нетфликс“, ги освојува гледачите со својот пресврт... 

Овој напнат трилер, со Колин Фирт, Марк Стронг и Ен-Мари Даф, покрај Кидман, е режиран од Рован Џоф. Приказната, по сценарио на Џоф, ја следи Кристин - жена која секое утро се буди без сеќавање. Таа е жртва на брутален напад, но не знае кој ја нападнал - а мора да ја открие вистината.

На ИМДБ, филмот има просечна оценка од 6,3 / 10. На „Икс“, некои обожаватели го сместија во списокот најдобри среднобуџетни психолошки трилери, како „Престиж“ и „Мементо“, што веројатно влијаело на одлуката на „Нетфликс“ да го постави овој филм на својата стрим-платформа.

„Навистина добар трилер со изненадувачки пресврт. Цело време ќе бидете на работ на вашето место. Не е страшно, иако насловот посочува поинаку“, гласи еден од коментарите за филмот.

И критичарката Рејчел Брук од „Ротен томатос“ (Rotten Tomatoes) го пофали филмот. Таа вели:

- Напнатата музика ги зголемува емоциите и напнатоста, додека матната снимка буди изгубени и делумни спомени, клучни за нарацијата исполнета со мистерија.

Енди Ли - филмска критичарка од „Дејли стар“ (Daily Star), смета дека „овој трилер за амнезијата е еден од најнезаборавните филмови“ од својот жанр. си/рп/

Фото: ИМДБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан