• недела, 11 јануари 2026

Променливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег

Променливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег

Скопје, 11 јануари 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во текот на ноќта и претпладне, а попладне се очекува врнежите да престанат.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од минус пет до два, а максималната од минус еден до пет степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден, а максималната ќе достигне три степени.

Според прогнозата, локални врнежи од снег ќе има и утре претпладне, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во понеделник. Од почетокот на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок, се очекува период на стабилно и суво време, при што наместа утринската температура ќе се спушти и под минус десет степени. ра/мч/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан