• недела, 11 јануари 2026

Прогласени најдобриот пожарникар, полицаец и припадник на криминалистичка полиција во Куманово

Прогласени најдобриот пожарникар, полицаец и припадник на криминалистичка полиција во Куманово

Куманово, 22 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска организираше прием за најдобрите припадници од СВР Куманово и Територијалната против пожарна единица (ТППЕ) Куманово. Признанието најдобар претставник од безбедносните сили му припадна на полицискиот службеник од Полициската станица за безбедност на патен сообраќај, Милорад Трајковски, признанието за најдобар поединец во Одделението за криминалистичка полиција му беше доделено на вишиот инспектор Арменд Афузи, а за најдобар припадник на ТППЕ Куманово е прогласен пожарникарот спасител, Сашо Бошковски. 

- Благодарни сме на вашиот ангажман, професионалност, ви посакувам успех на професионален и приватен план. Нека вашата посветеност биде пример и за вашите колеги, им порача градоначалникот Димитриевски и им врачи подароци.

Бошковски шест години работи како пожарникар-спасител. Тој се заблагодари на сите колеги за поддршката, кажа дека работата му е предизвик со кој секојдневно се соочуваат без разлика дали станува збор, за пожари, поплави, технички интервенции и ги повика младите да се вклучат во волонтерските пожарникарски друштва.

Трајковски рече дека десет години работи во полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и дека заедно со колегите се обидуваат со контролите да придонесат за што е можно помал сообраќајни несреќи.

- Апелирам до возачите да внимаваат особено во овој период од годината кога веќе има метеж претпразнично, изјави Трајковски.

Вишиот инспектор Арменд Афузи, го признанието за најдобар поединец во Одделението за криминалистичка полиција, каде што работи од 2004. И тој се заблагодари на колегите и рече дека успехот е заеднички.

- За разлика од претходно, сега имавме релативно помирна година, изјави Афузи.

На приемот присуствуваа заменик министерот во МВР Астрит Исени, државниот секретар во МВР, Сашо Петрушевски, началникот на СВР Куманово, Никица Петрушевски и заменик командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан