• петок, 21 февруари 2025

Приведен криумчар на мигранти

Приведен криумчар на мигранти

Скопје, 22 јануари 2025 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, изминатата ноќ  во близина на граничната линија со Република Грција, го привеле А.Н.(23) од Бангладеш, кој водел група од осум лица мигранти од Непал, соопшти МВР.

Мигрантите се сместени во Прифатно транзитен центар Винојуг, а против А.Н. е поднесена кривична пријава, по што од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.са/

Фото: МВР

Остани поврзан