• петок, 05 декември 2025

Билјана Каракашoва Шулев нова заменик претседателка на ДКСК

Билјана Каракашoва Шулев нова заменик претседателка на ДКСК

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупција ја избра Билјана Каракашoва Шулев за заменик-претседател. Таа на оваа функција ќе биде во следните шест месеци и доаѓа на местото на нејзиниот претходник Сервет Демири.

Точката за избор на заменик-претседател беше прва на денешната 15-та седница. Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, во образложениото на предлогот, посочи дека по истекот на мандатот на Демири, треба да се назначи нов заменик претседател и тоа по принцип на ротација по азбучен ред. згм/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан