• петок, 21 февруари 2025

Приведен криумчар на мигранти

Приведен криумчар на мигранти

Скопје, 23 јануари 2025 (МИА) - На автопатот Табановце - Куманово, синоќа полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го привеле З.Д.(44) од Велес, кој бил затекнат како во патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, качувал три лица мигранти, од кои двајца од Непал и еден од Индија.

Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а по целосно документирање на случајот, против З.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.са/

Фото: МВР

Остани поврзан